..: ПРЕБАРУВАЊЕ ПО КАТЕГОРИИ :..

Почетна| За граѓаните| За контролорите| ДЗЛП| Информации| Барања | Претставки| Меѓународна соработка
Почетна
За граѓанит...
За контролор...
ДЗЛП
Информации
Барања
Претставки
Меѓународна ...

 

 

 

 

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

ЗАКОН ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ПРОТОКОЛ НА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА ВО ПОГЛЕД НА АВТОМАТСКАТА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ, ВО ВРСКА СО НАДЗОРНИТЕ ТЕЛА И ПРЕКУГРАНИЧНИОТ ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

 

 

Извадок од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија во делот за заштитата на личните податоци и работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци, објавен на 5 ноември 2008 година

 

4.23. Поглавје 23: Правосудство и фундаментални права

 

Во поглед на почитување на приватниот и семејниот живот, посебно правото на заштита на личните податоци, се измени Законот за заштита на личните податоци и сега се имплементира. Усвоени се амандмани кои се наменети за понатамошно усогласување на законот со acquis. Дирекцијата за заштита на личните податоци организираше конференции за печатот, интервјуа и извештаи, како и одреден број работилници и тркалезни маси со цел да се информира јавноста за правото на заштита на личните податоци и приватноста. Меѓутоа, Дирекцијата за заштита на личните податоци и понатаму е недоволна опремена со персонал. Дополнителниот протокол кон Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на поединци во однос на автоматска обработка на лични податоци, а во врска со надзорните власти и прекуграничниот тек на податоци беше ратификуван во Септември.

 

4.24. Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност

 

Стратешкиот договор со ЕВРОПОЛ влезе во сила во март 2008 год. Работата на склучување оперативен договор што би овозможил размена на лични податоци, е во тек. 

                                  

                                                ***

 

Извадок од Извештајот што Владата на Република Македонија го подготви за 5-от состанок на Поткомитетот Правда, слобода и безбедност помеѓу Европската Унија и Република Македонија, кои ќе се одржи на 27 ноември 2008 година во Брисел, кој се однесува на заштитата на личните податоци и работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Повеќе

 

                                                ***

 

Дирекцијата за заштита на личните податоци ги повикува сите контролори на збирки на лични податоци да се регистрираат во Централниот регистар на Дирекцијата и со тоа да ја исполнат својата законска обврска.

 

Известување до контролорите. Преземи

 

                                               ***

 

 На 14-та седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 24.07.2008 година беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци.

 

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци ќе се постигнат следните цели:

  • усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и актите на Советот на Европа;
  • проширување на важењето на одредбите на Законот при обработката на личните податоци во областа на државната безбедност, одбраната и при водењето на кривичните постапки;  
  • поедноставување и доуредување  на постапката за постапување по барања на физичките лица за заштита на правата загарантирани со овој закон;
  • воведување на принципот на техничка неутралност со кој се овозможува применливост на одредбите на Законот, без оглед на развојот на современата информатичка технологија;
  • поедноставување на обврските на контролорите по однос на водење на збирките на личните податоци;
  • поедноставување на процедурата за давање на лични податоци на корисници;
  • воспоставување на инспекциски надзор над законитоста на обработката на личните податоци утврдена со овој и посебните закони и
  • усогласување на овој закон со Законот за прекршоците. Повеќе

***

 

На 13-та седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 23.07.2008 година беше донесен Законот за ратификација на Дополнителниот протокол на Конвеницјата за заштита на поединците во поглед на автоматската обработка на личните податоци, во врска со надзорните тела и прекуграничниот пренос на податоци.

 

Целта на Дополнителниот протокол на Конвенцијата за заштита на физичките лица во поглед на автоматската обработка на личните податоци, во врска со надзорните тела и прекуграничниот пренос на податоци е да се подобри имплементацијата на принципите содржани во Коневенцијата со додавање на две суштински одредби-воспоставување на надзорни органи во секоја од земјите потписнички и прекуграничен пренос на лични податоци во земјите или организациите кои се потписнички на Конвенцијата. Повеќе

 

 

 

Во последно време до Дирекцијата за заштита на личните податоци се почесто стигнуваат известувања за злоупотреба на личните податоци на интернет, конкретно на порталите за социјална интеракција. Креирањето на лажни профили на порталите за социјална интеракција не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и со основните принципи за заштита на личните податоци.

Дирекцијата е во постојана соработка со тимовите на порталите од ваков тип што придонесува за брзо и ефективно откривање и решавање на проблемите врзани со повредата на личните податоци, но сепак, најважно е сите оние кои ги користат ваквиот тип на веб страници и портали да внимаваат кога објавуваат свои, но и туѓи податоци на интернет. Повеќе

 

Листа на новости од Дирекцијата

Правилник за образецот, формата и содржината на легитимацијата

На 11 ноември 2008 година директорот на Дирекцијата донесе Правилник за образецот, формата и содржината на легитимацијата и за начинот на нејзиното издавање и одземање, објавен во („Службен весник на Република Македонија“ бр. 143/08)

Правилник за начинот на вршење на инспекцискиот надзор

На 11 ноември 2008 година директорот на Дирекцијата донесе Правилник за начинот на вршење на инспекцискиот надзор, објавен во („Службен весник на Република Македонија“ бр. 143/08)
TOП документи за преземање:
ЗЗЛП-пречистен текст
Барање за утврдување повреда
Дополнителен протокол
Барање за вршење контрола
Правилник за технички организациски мерки
Конвенција 108
Закон за заштита на ли
Ослободување од одговорност | Заштита на приватноста | Авторски права